Актуелно
СДСМ објави нови прислушувани разговори поврзани со уставното име на Македонија
Денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави нов сет на прислушувани разговори, каде како што вели Заев е откриена вистината за преговорите со името на Македонија.
– „Денеска ќе слушнете кои биле вистинските преговарачи за промена на името на државата“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција.
Независна Република Македонија (Горна) или Независна Република Македонија (Северна) на пример, му вели во еден разговорите Антонио Милошоски на премиерот Никола Груевски.



