Актуелно
Се гласа на 3.526 избирачки места во седум изборни единици
Денешните предвремени парламентрани избори се спроведуваат според пропорционалниот модел во 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија и една – седма изборна единица со 46 избирачки места за гласање во странство.
Според заклучениот Избирачки список право на глас имаат 1.784.416 полнолетни македонски државјани, од кои 1.531.368 во Македонија. На посебниот Избирачки список запишани се 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство, а за гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на 20.573 граѓани.
Во Првата изборна единица право на глас имаат 295.948 граѓани, а ги опфаќа општините Чаир, Аеродром, Центар, Карпош, Кисела Вода, Македонски Брод, Сарај, Сопиште и Студеничани.



