Вести
Изборите ги следат 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи
Предвремените парламентарни избори во Македонија што ќе се одржат во недела на 11 декември ги набљудуваат 7.585 домашни набљудувачи, 667 странски набљудувачи и 75 странски новинари. Според податоците на Државната изборна комисија, за изборите се акредитирани и 354 преведувачи.
Најмногу домашни набљудувачи имаат акредитирано Граѓанската асоцијација МОСТ – 3.435 и Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА – Штип – 3.387 набљудувачи, ЦИВИЛ – Центар за слобода – 308, Здружението Национален ромски центар (НРЦ) – Куманово – 143, Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид – 61 набљудувач и Македонскиот центар за култура и развој – 50 набљудувачи, објавено е на веб страната на Државната изборна комисија.
Мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР акредитираше 281 набљудувач, Мисијата на ОБСЕ во Скопје 65, Амбасадата на САД 51 набљудувач, Парламентарното собрание на ОБСЕ 27, Асоцијацијата на европски студентски структури 24, Парламентарното собрание на Советот на Европа 22, Европскиот парламент и Европската унија по 16 набљудувачи, Советот за јавна дипломатија на Каталонија – Диплокат 15, Британската амбасада во Скопје 12, Комисијата за изборни жалби и приговори на Косово и Централната изборна комисија на Косово по 10, Амбасадата на Франција и СИЛБА – Поддршка за иницијативата за дијалог и демократија од Данска осум набљудувачи, Амбасадата на Шведска и Државната изборна комисија на Република Кореја по седум, Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС – Канцеларија во Македонија и амбасадите на Албанија и Италија по шест набљудувачи, Амбасадата на Шпанија петмина, ДИК на Црна Гора и Амбасадата на Косово по четири, Државните изборни комисии на Словенија и Хрватска, Организација за меѓународна соработка Југ Југ, и Бугарската и Унгарската амбасада по тројца, Централната изборна комисија на БиХ, Високиот изборен совет на Турција и амбасадите на Швајцарија, Австрија и на Чешка по двајца набљудувачи и Централната изборна комисија на Литванија и Словенечката амбасада по еден набљудувач.



