Вести
Се поставува бројчаникот на Порта Македонија (ФОТО)
Доцна синоќа на Порта Македонија во центарот на Скопје почна поставувањето на бројчаникот на кој, според најавите, ќе се покажува колку од украдените пари од претходната власт се враќаат во Буџетот.
Премиерот Зоран Заев вчера најави дека наскоро ќе биде поставен бројчаникот на Порта Македонија во Скопје, но не прецизираше кога точно тоа ќе се случи.
– Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските истраги ќе ги инкасираат вратените пари што биле земени од буџетот, како надомест на штета, рече Заев на вчерашаната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.



