Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Седмa кампања „Напред розово 2015 – чекори против ракот на дојка“

Актуелно

Седмa кампања „Напред розово 2015 – чекори против ракот на дојка“

Во рамки на седмата традиционална Кампања за борба против рак на дојка, насловена како „Напред розово 2015-чекори против ракот на дојка“, денеска во Скопје ќе се одржи розова прошетка.

Повеќе од 1.500 учесници ќе пешачат три километри и ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

Во прошетката ќе учествуваат сите граѓани на Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на „Борка“ од Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола, Македонска Каменица, Македонски Брод и Тетово.

Маркетинг

По прошетката, како што информираат од „Борка“, ќе следува музички хепенинг со цел да им се овозможи луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот.

Кампањата за борба против рак на дојка е организирана од здружението „Борка-за секој нов ден“, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.