Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и потопло – од вторник нови врнежи и пад на температурата
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во западните делови ќе има зголемена облачност со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 22 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне се очекува зголемување на облачноста. Преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.



