Актуелно
Промовирани новите електромобили за туристичко разгледување на Скопје
Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП “Градски Паркинг”, Борче Јакимовски денес ги промовираа новите електромобили и персонални транспортери – електротротинети за изнајмување.
– Станува збор за 7 нови електромобили и 5 нови електротротинети кои ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните и ќе служат за туристичко разгледување на знаменитостите во центарот на градот. Изнајмувањето на овие возила ќе се врши на пунктот на “Градски паркинг” на плоштадот „Македонија“, каде изнајмувањето на електромобилите ќе се врши по цена од 50 денари за билет, додека цената за изнајмување на електротротинетите е 100 денари од час, кажа Трајановски.
Новите електромобили имаат ретро изглед и истите имаат по 4 места за седење, каде со едно полнење истите можат да поминат од 50 до 70 километри.




