Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Седумгодишник со нож го избодел постариот брат за игра на компјутер

Вести

Седумгодишник со нож го избодел постариот брат за игра на компјутер

Седумгодишно момче со кујнски нож го прободел постариот 14-годишен брат во грбот по расправија за игра на компјутер.

– Вчера око 9 часот во Дебар, во домот сопственост на Б.А. на улицата „Ибраим Колари“ во дневната соба настанала расправија помеѓу четиринаесетгодишно и седумгодишно момче–браќа по мајка, поради игра на компјутер. Во расправијата седумгодишникот со кујнски нож го прободел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка, соопшти денеска МВР.

Соседка го одннело повреденото момче во Клинички центар Дебар од каде, по укажаната медицинска помош, со возило на итна медицинска помош бил препратен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.