Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Облачно со повремени врнежи од снег

Вести

Облачно со повремени врнежи од снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег во југоисточниот дел од државата, а во крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во попладневните часови врнежите насекаде ќе престануваат и во текот на денот ќе се намалува и облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од минус три до четири степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено и засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до еден степен.

Од четврток облачноста постепено ќе се намалува. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и најниски се очекува да бидат под минус 10, а дневните за време на викендот ќе бидат во благ пораст. В недела се очекува насекаде да бидат позитивни и да се движат од нула до пет степени.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.