Актуелно
„Шарената револуција“ во понеделник повторно на улица
Шарената револуција повторно се враќа на улица, овојпат во поддршка за Специјалното јавно обвинителство бидејќи, како што велат, СЈО повторно е под канонада на режимските гласноговорници.
Во соопштението, меѓу другото, се вели дека во изминатиот период медиумите, како што се наведува, „под контрола на обвинетиот Груевски можеме да забележиме вистински линч и пропаганда против Катица Јанева и целото СЈО“.
– „Истовремено, власта со кој се уште управува обвинетиот Груевски ја користи секоја прилика за да ја блокира работата на оваа институција“, се наведува во соопштението во кое се додава и дека Уставниот суд се уште нема закажано седница на која ќе се разгледува Иницијативата за уставноста на СЈО и оти пратениците од ВМРО ДПМНЕ одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и свиркачи, како и да го продолжат рокот за работење на СЈО.



