Вести
ЕСЕНСКИ СОНЧЕВ ДЕН: Постудено со северозападен ветер
Времето претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови со мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 18 до 25 степени.
Во Скопје слично време, претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.



