Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ШЕКЕРИНСКА: Војниците кои ги гаснеа пожарите ќе бидат наградени

Вести

ШЕКЕРИНСКА: Војниците кои ги гаснеа пожарите ќе бидат наградени

Сите војници и старешини кои учествуваа и помагаа во гасењето на пожарите ќе бидат парично наградени, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на АРМ.

Кога пожарите летово се проширија низ повеќе делови од нашата држава, потенцираше Шекеринска, Армијата повторно прва дојде на помош. – Со хеликоптери кои значеа спас за повеќе села и за бројни семејства, со посади кои две недели не знаеја за одмор, во ризични и напорни акции, со дополнителни 60 претставници и припадници на вооружените копнени сили кои секојдневно се бореа со пожарите, ставајќи ја добросостојбата на своите граѓани пред својата. Оваа непоколеблива посветеност и оваа жртва заслужува да се вреднува од сите нас и од државата, нагласи Шекеринска на свечениот собир на вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.

– Храброста знам дека не се плаќа со пари, но и грижата не смее да остане само на зборови. Храброста и херојскиот напор на нашите војници не смеат да поминуваат без признанија, рече Шекеринска.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.