Вести
ШИЛЕГОВ: Да го чуваме и сакаме нашиот град
Скопје никогаш повеќе да не се бори со природни катастрофи од вакви размери, како што беше земјотресот од 26 јули 1963 година. Да шири оптимизам и да настојува во нашата средина да завладее еден поинаква перцепција на нештата кои се нераскинлив дел од развојот на овој град. Од денешна перспектива, Скопје е потврда на кажаново и голем поттик и обврска на сите нас заедно да го чуваме и да го сакаме нашиот град.
Ова синоќа го изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во Галеријата на графити во Градскиот трговски центар. Тој присуствуваше на главниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје (23-26 јули)“ со која се одбележува 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес.
По катастрофалниот земјотрес први кои им пристигнале на помош на скопјани биле граѓаните од поранешните југословенски републики, а веднаш потоа почнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет.



