Вести
Силно невреме со пороен дожд и грмежи во Куманово и Пелагонија
Според добиените податоци од метеоролошките станици и радарските центри, во пладневните и раните попладневни часови имаше појава на нестабилност со дожд и грмежи во западниот планински дел и тоа Кичево, Македонски Брод и Прилеп, како и на подрачјето на градот Скопје.
Нестабилната воздушна маса од Скопје, во јужно струење продолжи кон Куманово, каде се интензивираше и даде поинтензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и појава на ситен град.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи во попладневните часови од позначителна нестабилна облачна маса беше зафатено подрачјето на Пелагонија, како и градот Прилеп. Тука има подолготрајна појава на интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град. Од нестабилноста пократкотрајно беше зафатена и Битола.



