Актуелно
Македонска делегација на молебен на гробот на свети Кирил во Рим
Владината делегација со премиерот Никола Груевски во рамки на чествувањата на Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска ќе го посетат вечното почивалиште на свети Кирил во црквата Сан Клементе во Рим и ќе присуствуваат со молебенот со кој ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.
Во Рим синоќа по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители се одржа традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.
Во рамки на културната манифестација, која беше свечено отворена од премиерот, е поставена и изложба на автентични македонски копаничарски дела.


