Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопје се сеќава: 62 години од разорниот земјотрес на 26 јули 1963

Скопје

Скопје се сеќава: 62 години од разорниот земјотрес на 26 јули 1963

Денес Скопје се потсетува на една од најтешките трагедии во својата историја — катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година, кој однесе 1.070 човечки животи и повреди околу 3.000 лица.

Во знак на почит кон жртвите, претставници на Собранието и Градот Скопје во 10 часот ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот на загинатите, поставен на градските гробишта во Бутел.

Подоцна, во 20 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата со наслов „Скопје за време на земјотресот и потоа“. Поставката ќе остане трајно достапна за посетителите, како потсетник на денот кога градот претрпе длабока рана — но и на човечката солидарност која следеше.

Маркетинг

Земјотресот се случил во раните утрински часови, точно во 5:17, а помали потреси продолжиле до 5:43. Последиците биле разорни — срушени се 15.800 домови, оштетени дури 28.000, а повеќе од 200.000 граѓани останале без покрив над главата.

Иако трагедијата засекогаш го промени лицето на Скопје, таа стана и симбол на човечка блискост и солидарност – кога целиот свет подаде рака за поддршка во најтешкиот момент.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.