Актуелно
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември
Со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
По тој повод, градоначалникот Коце Трајановски ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
Потоа делегација на Град Скопје ќе положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на Градските гробишта „Бутел“.





