Актуелно
Во Скопје 12 сообраќајки, повредени осум лица
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди, од кои шест се со материјална штета, а во шест со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и тројца пешаци.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Утре вечер поради концертот на естрадниот уметник Ѓорѓе Балашевиќ со почеток во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.



