Вести
Снегот го отежна сообраќајот, забрана за камиони на Стража и Маврово – Дебар
Поради снежните врнежи од изутрина во 8:15 часот е воведена забрана за движење на камиони на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 8:20 на патниот правец крак Маврово-Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од државава го отежна патниот сообраќај, забавено се одвиваат градскот и меѓуградскиот превоз, а засега нема значителни проблеми во железничкиот и авиосообраќајот.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, како и на планинските премини Стража, Кула и Маврово. На Попова Шапка врнежите од снег се со среден интензитет. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и Дебар, соопшти АМСМ.



