Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сообраќајот отежнат, забрана за камиони на Стража и Маврово – Дебар

Вести

Сообраќајот отежнат, забрана за камиони на Стража и Маврово – Дебар

Поради снежните врнежи од изутрина во 8:15 часот е воведена забрана за движење на камиони на патот  Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 8:20 на патниот правец крак Маврово-Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од државава го отежна патниот сообраќај, забавено се одвиваат градскот и меѓуградскиот превоз, а засега нема значителни проблеми во железничкиот и авиосообраќајот.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, како и на планинските премини Стража, Кула и Маврово. На Попова Шапка врнежите од снег се со среден интензитет. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и Дебар, соопшти АМСМ.

Без проблеми од изутринава се реализирани предвидените полетувања и слетувања ид аеродормот „Александар велики“ во Скопје, покажуваат податоците на веб страницата на концесионерот „ТАВ Македонија“.

Според  прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи на Македонија (УХМР), пообилни врнежи ќе има во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен.

Поради најавата од УХМР владиното Координативно тело за справување со кризи и  Управувачкиот комитет за кризи апелира граѓаните да бидат внимателни при планирање на патувањата, односно да не тргнуваат на пат доколку немаат итна потреба, да носат соодветна зимска опрема, а особено транспортните возила за кои не е исклучена забрана во определен период. Компанијата ЕВН треба да формира тимови кои ќе бидат со зголемена мобилност и зголемена оперативна подготвеност во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.