Актуелно
Со Job Fair 2016 чекор поблиску до твојата кариера
Дванаесеттото по ред издание на Саемот за вработување и кариера – Job Fair 2016, во организација на организацијата БЕСТ – Скопје ќе трае од 4 – 10 мај 2016. Ќе започне со официјално отворање и networking настан на 4 мај, а потоа следуваат денови на штандови на ГФ/АФ на 5 и 6 мај, и на кампусот технички факултети на 9ти и 10ти мај.
Job Fair е најголемиот настан кој го организира БЕСТ – Скопје. Минатогодишниот Job Fair 2015 се покажа како најуспешниот до сега со 26 компании-учеснички, врвни во својата област, и со посетеност од над 4000 студенти на деновите на штандови.
Овој саем е одлична можност компаниите-учеснички да стапат во директен контакт со нивните потенцијални вработени, а студентите да се информираат повеќе за компаниите, нивните понуди, како и нивните главни активности. На деновите на штандови, компаниите ќе ја претстават својата дејност, како и целите и потребите насочени кон амбициозен и квалификуван кадар.



