Актуелно
Социјалните мрежи за нападот во Париз: Фејсбук активираше „сигурносна ознака“, Твитер помага во згрижување на најзагрозените
Социјалните мрежи се активираа за помош на повредените и жртвите од терористичкиот напад во Париз.
Фејсбук активираше „сигурносна ознака“ која ви овозможува да означите дека сте на сигурно, и во исто време да ги проверите вашите пријатели и фамилијата.
– „Моите мисли и молитви се со фамилиите на загинатите и повредените во Париз. Насилство како ова нема место во ниту еден град или држава во светот“, објави на својот фејсбук профил Марк Цукенберг.



