Актуелно
ФОТО: Ајфеловата кула во мрак – светските споменици во боите на француското знаме
По серијата напади, во кои загинаа најмалку 126 лица, бројни згради и споменици се осветлени во боите на француското знаме, јави Ле Монд.
Врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк денеска е осветлен во сино-бело-црвена боја, а ќе остане така и во следните денови, во чест на убиените во терористичките напади во Париз, најави гувернерот Ендрју Куомо.
Емпајер Стејт билдинг синоќа беше осветлен во сина боја, по што ги угаси сите светла и потона во мрак.


![CTwwmqbWsAAdnSO[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/11/CTwwmqbWsAAdnSO1.jpg)

