Вести
Сончев ден со температура до 20 степени
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, во јужните и југозападните делови ќе има мала до умерена облачност и слаб северен ветер. Претпладне по некои котлини ќе има слаба магла. Минималната температура ќе изнесува минус шест степени, а дневната ќе достигне до 20 степени целзиусови.
Во Скопје слично време со температура до 13 степени.
Во понеделник и вторник ќе има продор на студена воздушна маса што ќе услови засилен северен ветер, на места провејување на слаб снег и позначително опаѓање на температурата.


