Вести
Сончево и многу топло, попладне услови за краткотраен дожд
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Попладне ќе дува северозападен ветер, кој на север и долж Повардарието ќе засилува. Претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 30 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје слично време, сончево и потопло. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 37 степени.


