Вести
Сончево и многу топло, температура до 41 степен
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност, која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 34 до 41 степен.
УВ-индексот ќе има вредност 9.



