Актуелно
Сончево и многу топло со температура до 27 степени
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец особено долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 19 до 27 степени.
Во Скопје слично време, сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 24 степени.


