Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Минибус излета од пат во Гостиварско, повредени 14 лица

Актуелно

Минибус излета од пат во Гостиварско, повредени 14 лица

Четиринаесет лица, од кои 10 деца и 4 возрасни се повредени откако минибус „Форд турнео“, излетал од патот околу 12 часот и 40 минути, во близина на гостиварското село Падалиште, во непосредна близина на мостот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, 10 годишно девојче во коматозна состојба е пренесено на скопските клиники, а една повозрасна жена имала скршеници.

– Возилото, кое го управувал од 47-годишниот К.М. од Падалишта од неутврдени причини ислетало од коловозот и се превртело на покрив. При тоа вкупно 14 лица задобиле различни видови телесни повреди. Едно 10-годишно девојче веднаш е префрлено на скопските клиники, додека другите 12 лица, од кои 9 деца на возраст до 10 години, возачот и три женски лица на возраст од 42 и 72 години, се згрижени во гостиварската болница, рече Јосифоски

Во гостиварската општа болница повредените се задржани и се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување.

Наскоро ќе започне увид на местото на несреќата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.