fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Од денес до 18-ти април во Скопје се одржува Саем на книгата со над 70 издавачи

Актуелно

Од денес до 18-ти април во Скопје се одржува Саем на книгата со над 70 издавачи

Повеќе од 70 издавачи од Македонија и од странство од денеска до 18-ти април ќе се претстават на 28-от Меѓународен саем на книгата, што официјално беше отворен синоќа.

На отворањето на кое како модератор се појави Игор Џамбазов, пред присутните се обрати директорката на Скопски Саем, Даниела Глигоровска, писателите Раде Силјан и Сашо Димоски, а изјава даде и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

– „Саемот на книгата веќе 28 години традиционално ги обединува домашните и странски изложувачи со љубителите на книгата, кое е доказ за успешноста и влијанието на оваа саемска манифестација. Од 12-ти до 18-ти април, сите читатели ќе имаат единствена можност да одберат интересни и уникатни наслови од познати и успешни автори од широката палета на присутните издавачи. Секоја година повеќе од 40 илјади граѓани нè посетуваат, сигурни дека ќе ја пронајдат совршената книга. За оваа година очекуваме рекордна бројка која ќе покаже дека и во Македонија сè уште се цени љубовта кон читањето. Изборот е голем, а ние сме сигурни дека нема да остане ниту еден посетител без барем неколку одбрани книги кои ќе ги однесе дома и ќе се нурне во светот на ликовите. Би сакала да ги поканам сите оние кои имаат долги листи на омилени дела, кои конечно ќе имаат шанса да ги пронајдат на овој саем и да си го исполнат своето ветување да ги прочитаат“, изјави извршниот директор на Скопски Саем,Даниела Глигоровска.

Министерката Канческа – Милевска потенцираше дека Владата на Република Македонија во изминатиот период ја поддржа реализацијата на значајни капитални проекти од областа на издавачката дејност. Имено, таа рече дека од 2008 година па се досега е поддржано издавањето на над 5.000 книги од сите жанрови на издавачките куќи од земјава, а двапати годишно се врши и откуп на книги во насока на збогатување на фондот на библиотеките со цел тие да бидат достапни за сите граѓани.

Саемот на книгата е една од најголемите и најмасовни манифестации во нашата држава и тој има огромно значење за литерата и книжевното творештво на Република Македонија. Бројката навистина радува бидејќи станува збор за над 70 издавачи, не само од регионот, туку и од пошироко. На саемот на книгата се промовираат огромен број на изданија од сите жанрови со што граѓаните можат да си ја збогатат својата библиотека и да уживаат во книгата“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Посетителите секојдневно од 10:00 до 20:00 часот ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи во Промотивниот центар на Галеријата во Метрополис Арена и Ред-софата на која од 11 до 12 часот во среда и четврток граѓаните и медиумите ќе можат да се дружат со актуелните автори.

Во рамките на Саемот на книгата 2016, Скопски саем организира дополнителен настан, предавање на тема: „Како да се биде среќен во љубовта?“. Предавач е Бруно Шимлеша, социолог, писател и мотивациски говорник од Р. Хрватска, кој е добро познат на пошироката јавност во регионот и пошироко. Бруно Шимлеша кој на Ред-софата во четврток ќе биде од 10:30 часот е меѓу 10-те најчитани хрватски автори на книги од областа на популарната психологија или самопомош. Неговото предавање ќе се одржи на 14 април (четврток) од 18.30-20.30 часот во Бизнис салата на Скопски саем

Работното време на Саемот на книгата е од 10:00-20:00 часот. Цената на влезниците за Саемот на книгата за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети – 20 денари.

За време на Саемот на книгата, од 14-ти до 16-ти април сите граѓани ќе имаат одлична можност да посетат уште две други популарни саемски манифестации, Меѓународниот саем за туризам „Скопје Травел Маркет“ и „Денови на образование и кариера“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.