Вести
Сончево и многу топло со температура до 35 степени
Сончево и топло време, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, вели вторничката временска прогноза за Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде 8.
Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 34 степени.



