Вести
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 15 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен веттер од северен правец. Температурата ќе се движи од три до 19 степени.



