Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тактичка вежба со боево гаѓање на АРМ

Вести

Тактичка вежба со боево гаѓање на АРМ

Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) при Армијата на република Македонија денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе изведе тактичка вежба со боево гаѓање „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад“, како крунска активност на единиците.

На гаѓањето покрај највисоките воени авторитети, предвидено е присуство и на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Армијата Ѓорге Иванов, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и генералите во АРМ.

За време на тактичката вежба повеќе од 800 припадници на АРМ во јачина на механизиран пешадиски баталјон од првата механиизрана пешадиска бригада, засилен со единици од бригадата, полкот за специјални операции и воздухопловната бригада, ќе покажат постапки, мерки и процедури и извршување на офанзивни операции со боево гаѓање на вакви поголеми состави. Овие единици беа во составот на СПБГ, која на 6 октомври 2017 година по вторпат го заврши оценувањето согласно концептот на оперативни способности на НАТО-ниво 2.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.