Актуелно
Сончево и топло, од утре дожд
Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, така што во вечерните часови ќе има локален слаб дожд со ретки грмежи во северните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.


