Актуелно
Викендот во Скопје 36 сообраќајки, 34 повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 36 сообраќајни незгоди, во кои со полесни телесни повреди се здобиле вкупно 30 лица, а четири се со последица тешка телесна повреда.
Сообраќајната полиција, информира за МИА СВР – Скопје, во петокот извршила увид на 15 сообраќајни незгоди од кои осум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле 14 лица.
Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на мопед.



