Вести
Сончево и топло, попладне заоблачување
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер поизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје претпладне сончево и топло, а од пладне облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од два до 20 степени.



