Вести
Сончево и топло со мала локална облачност – од понеделник пад на температурата за 8 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 26 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.



