Вести
Сончево и топло до 37 степени – од понеделник заладување со дожд и засилен ветер
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.



