Шоубиз
ПАДНА НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ: Познатата водителка Келти Најт се сопна на Греми наградите во Лос Анџелес (ВИДЕО)
На 67-то доделување на престижните Греми награди во Лос Анџелес, вниманието беше насоченo кон најголемите музички ѕвезди, но една незгодна ситуација од случувањата на црвениот тепих стана вистински хит на интернет.
🔴 Келти Најт се сопна и падна на црвениот тепих!
Познатата водителка и дописничка за „Е њуз!“, Келти Најт, која беше на црвениот тепих за да известува од овој голем настан, имаше незаборавен момент. Во долг фустан и високи потпетици, таа со елеганција се приближуваше до местото каде ѕвездите дефилираат, но, за жал, изгуби рамнотежа и падна. Снимката од падот брзо стана вирална.




