Вести
Сончево и топло, температура до 36 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде осум.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната температура од 27 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.



