Вести
Сончево и ветровито, со температура до 21 степен – од утре нагло заладување
Во Македонија денеска се очекува преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура. Ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 15 до 21 степен.
Во Скопје слично време, со температура од два до 19 степени.



