Вести
Сончево и ветровито, температура до 19 степени
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните северозападни и северни делови од земјава ќе има услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд, а на повисоките планини за краткотраен слаб локален снег.
Преку денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 15 до 19 степени.


