Вести
Сончево, но студено – од понеделник врнежи од снег!
Најстудено со -12 степени изутринава е во Лазарополе. Во Берово се измерени -11, во Маврово -9, во Крушево -8, Крива Паланка -7 Скопје, Дебар, Демир Капија, Виница, Тетово, Штип и Струмица -4, во Охрид, Битола, Претор, Куманово и Прилеп -3, и нула степени во Гевгелија и Дојран, соопшти УХМР.
Провејува слаб снег на планините и повисоките места во западните и северните делови.
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервал од 2 до 8 степени.



