Вести
ДИК ќе одлучува за последниот приговор за изборите
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе ја продолжи седницата на која треба да биде разгледан и да се одлучува за последниот приговор на Коалицијата предводена од СДСМ.
Досега, ДИК прифати само еден приговор од движењето Беса и поништи гласање на едно избирачко место во Гостивар. Отфрлени се пет приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум од Движењето Беса. СДСМ, пак, вчера повлече два поднесени приговори.
Со шест гласа „за“ и три „против“, вчера Комисијата го усвои приговорот од движењето Беса, кој се однесува на постапката на гласање за избирачко место 0396/1 во Гостивар, за кој беше побарано графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.



