Актуелно
Сончево со мала до умерена облачност – од петок заладување и нови врнежи од дожд
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 18 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
Стабилно и сончево време со умерена облачност ќе биде и во четврток кога правецот на ветерот ќе се промени во јужен. Утринската температура во четврток ќе се движи од четири до 11, а дневната од 21 до 26 степени. Во петок попладне и во сабота под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи.



