Актуелно
Уставниот суд времено ги стопираше дејствијата за изборите на 5 јуни
Уставниот суд на денешната седница едногласно одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија и донесе времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.
Одлуката на Судот ќе биде објавена денеска во Службен весник, по што и формално стапува во сила.
Судот следната недела треба да донесе конечна мериторна одлука за иницијативата за распуштање на Парламентот.



