Вести
Сончево со мала облачност, попладне дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Попладне во источните делови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од 18 до 26 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 23 степени.


