Вести
Лажните вести предизвик на традиционалните медиуми
Македонија не е исклучена од феноменот на лажни вести. Тој проблем не е нов, а технолошкиот напредок го зголемува предизвикот. Ова беше посочено денеска на Дигиталниот самит во Скопје во рамки на панелот „Медиумите во дигитална ера:спраување со лажни вести“.
– Проблемот со лажните вести е што се губи довербата и тоа е најголем предизвик за традиционалните медиуми, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Министерот за отчетност Робер Поповски, посочи дека Македонија не е исклучена од феноменот на лажни вести. – Заробената држава верувам дека е зад нас, но алатките се уште се тука. Покрај се што се случи праксата не престана. За локакните избори се создаде измислица дека во општините низ Македонија ќе бидат населени бегалци. Тоа сега не престанува, неодамна се појави измислица дека спомениците ќе се тргаат со бугарски кранови, посочи Поповски.




