Вести
Бугарски автобус што патувал кон Македонија изгорел кај ГП Ѓуешево- Деве Баир
Бугарски автобус, со 46 патници кои патувалке кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир.
Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија.
Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18:30 часот, но причините не се соопштуваат.



