Вести
Сончево со умерена облачност – воздухот синоќа бил екстремно загаден
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на ниска облачност и слаба магла.
Утрово најстудено било во Тетово, Битола и Маврово со -3 степени. Во Лазарополе, Скопје, Прилеп, Струмица, Демир Капија, Дебар, Штип и Берово се измерени -2, во Крива Паланка и Гевгелија -1, Пожаране, Претор, Куманово, Тополчани, Виница, Охрид и Крушево 0, Ѓуриште 1 и во Дојран 2 степена.
Дневната температура ќе се движи од осум до 15 степени.


