Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СТРАШНА СЛИКА: Дебарско Езеро преполно со пластичен отпад (ФОТО)

фото: фејсбук

Вести

СТРАШНА СЛИКА: Дебарско Езеро преполно со пластичен отпад (ФОТО)

Последните дождови го зголемија нивото на Дебарско Езеро. Водите од реките донесоа и голема количина, пред се, пластичен отпад од дивите депонии по долината на реката Радика.

Појавата е позабележителна кај селото Долно Косоврасти, кај Косоврашки Мост, каде Радика се влева во езерото, како и кај Мелнички Мост.

– Оваа појава е присутна секоја година на есен и на пролет кога има обилни дождови и голем дотек на вода во Радика и нејзините притоки. За среќа овој пат количината на отпад е помала споредено со претходните години, бидејќи во дел од населените места од подрачјето на Река, Општина Маврово Ростуше, организирано се собира отпадот и се транспортира до градската депонија во Дебар, вели Газменд Цами, претседател на дебарското еколошко друштво „Дешат“.

15056403_10154776333394726_1461894433220320604_n

Според него, тоа е доволна потврда дека организираното собирање на отпадот треба да се воспостави и во другите населени места, каде што на секој чекор може да се видат диви депонии кои потоа со зголемувањето на Радика се влеваат во езерото.

– Пред неколку години екологистите од трите општини Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, покренавме иницијатива за поставување челични мрежи кај Мелнички Мост, каде што би се собирал отпадот и тој секојдневно со чамци би се вадел и фрлал во депонијата во Дебар. Но, се остана само како идеја, додаде Цами.

Организирано собирање отпад, според него, треба да се обезбеди и во општината Центар Жупа зашто отпадот од дивите депонии во оваа општина доаѓа во Дебарско Езеро.

Посовесни, додава Цами, треба да бидат и дебарчани, бидејќи фрлаат отпад каде ќе стигнат, а потоа ветерот пластиката ја носи во езерото.

– Потребна е поголема ангажираност на локалните власти на трите општини во соработка со Министертвото за животна средина и просторно планирање, за да се најде конечно решение за овој еколошки проблем, зашто се повторува, апелира Цами.

Бидејќи Дебарско Езеро е единствено место каде во летниот период се разладуваат и рекреираат стотици, а во викендите и најмалку по две илјади дебрани, гости и печалбари, граѓанскиот сектор потпомогнат од локалната власт на Дебар и комуналното претпријатие „Стандард“ пред почетокот на летната туристичка сезона редовно организираат еколошки акции во кои во просек се собираат од 600 до 800 вреќи отпад. Сепак екологистите сметаат дека тоа не е решение.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.